Писателот Џејсон Грин неодамна објави есеј за смртта на својата двегодишна ќерка Грета, за кој вели дека сака да послужи како потсетник за сите во секоја можна прилика да ги прегрнат своите сакани, не само децата, туку и пријателите, родителите, партнерите и на читателите да им ја поттикне благодарноста за животот, кој го имаат, бидејќи никогаш не знаеме кога ќе си заминеме.
– Мојата ќерка Грета имаше две години кога умре. Поточно кога беше убиена, бидејќи тоа е многу подобар израз за тоа што се случило. Градежен материјал падна од осмиот кат на зграда, која се градеше, а во нејзиното подножје на клупа седеше мојата ќерка со својата баба. Тој материјал не го испушти некој невнимателен работник, туку се беше работа на општа негрижа и спора бирократија, како и лошо толкување на законот, пишува Грин, додавајќи дека Грета веднаш била испратена на итна операција на мозокот. Меѓутоа не преживеала, а тој и сопругата одлучиле да ги донираат нејзините органи.
– Инцидентот бил доволно бизарен за медиумите да се заинтересираат за него. На мејлот ме чекаа голем број барања за интервју и во тоа време додека се уште се надевавме на чудо новинарите ги земаа сликите од нашата ќерка од нашите профили на Фејсбук, кои потоа завршуваа на насловите страници, вели писателот. Тој додава дека по тоа тој и сопругата добиле син, но го појаснува и комплицираниот процес на тагување.
– Додека лежам на подот, разговарам со синот со смирувачки тон и се обидувам да го забавувам, како што правев и со неговата сестра, најмногу на светот сакам да го почувствувам допирот на почината ќеркичка. Тогаш ќе се сетам дека нашиот син не беше планиран. Кога се роди Грета заклучивме дека не сакаме повеќе деца. Да не починеше неговата сестра, мојот син немаше да постои. Сега имам две деца, но каде е другото?, прашува скршениот татко.
Тој вели дека никако не може да престане да го споредува синот со Грета кога била на иста возраст. Но потоа ја прашува следната работа:
– Што се случува кога вашето дете ќе ви земе дел од вашето секојдневно опкружување и токму тогаш кога сте почнале да верувате дека повеќе никој нема да може да ви го одземе. Денес, кога го набљудувам синот како си игра на игралиште, можеби и не паничам, но на секои пет минути ми застанува срцето. Сега знам, никој не ни гарантира дека децата ќе ни преживеат. Срцепарателна вистина е дека децата, вашите, моите, кои било не преживуваат секогаш. Кога на тоа ќе се сетам ми изгледа дека срцето ќе ми препукне, пишува тој.
– Но животот и понатаму е убав. Грета го сакаше. Секоја секунда на мина во веселба. Кога ќе се сетам на нејзините рачиња, кои ми го допираат образот, го собирам последното зрно храброст кое го имам и му велам на мојот син: „Светот е навистина убав“ и давам се од себе во тоа навистина да верувам, завршува Џејсон Грин.