Едно ново истражување покажа дека децата кои имаат недостиг на сон јадат повеќе.
Научниците од Универзитетот во Лондон ги следеа прехранбените навики на 1008 деца на возраст од пет години.
Децата кои спиеле помалку од препорачаните 11 часа имале малку повисок индекс на телесна маса во однос на нивните врсници кои спиеле повеќе од 11 часа.
Индексот на телесна маса е мерка на телесната маса изразена во килограми и квадрат висина изразена во метри.
Недостигот на сон кај децата бил поврзан со дополнителна склоност кон нездрава храна.
Истражувањата спроведени на возрасни лица веќе покажуваат дека недостигот на сон е поврзан со вишокот килограми.