Недостигот на сон го слабее имунитетот

Од:

Истражувањето спроведено во САД на Универзитетот во Вашингтон, го поврзува недостигот на сонот со поголеми изгледи за послаба функција на имунолошкиот систем, пренесуваат медиумите.

Наодите објавени во стручното списание Sleep се добиени со следење на 11 двојки близнаци, на просечна возраст од 43 години.

Се покажало дека во случаи кога еден од близнаците редовно спиел значително помалку од вториот, тој имал послаб имунитет.

Тоа посебно било изразено преку редуцираната активност на белите крвни зрнца. Претходните студии веќе укажале на поголем ризик за настинка кај лица кои не спијат доволно.

Податоците добиени во САД сугерираат дека просечното траење на сонот во последните сто години се намалил за 1,5 до 2 часа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Сонот на мажите им е поважен од сексот, на жените сепак не

Наум Локоски

За совршен сон легнeте пред 23 часот

Емир Латифовиќ

Седум причини зошто се будите уморни

Емир Латифовиќ