Истражувањето спроведено во САД покажува дека недостатокот на сон резултира со забрзување на процесот на стареење на кожата.
Во истражувањето учествувале 60 испитаници на возраст меѓу 30 и 49 години.
За да го утврдат нивото на стареење на кожата истражувачите користеле систем наречен Скинекс, кој се заснова на податоци за постоењето на брчки и нееднаква пигментација и намалена еластичност на кожата.
Просечно кај жените кои спиеле доволно, овој индекс изнесувал 2,2, а кај нивните врснички чиј сон главно бил прекраток индексот бил двојно полош и изнесувал 4,4.
Исто така се покажало дека недостатокот на сон го забавува заздравувањето на изгореници настанати од изложување на сонце, како и други оштетувања на кожата.
Научниците објаснуваат дека недоволното траење на сонот може да го наруши нормалното производство на мелатонин, природен антиоксиданс кој е најважен за здравјето на кожата.