Не треба да тежнееме децата да ги претвориме во компјутери, туку во социјални суштества

Од:

Престанете од децата да очекувате да помнат факти. Еве што треба да негувате, наместо да го „тренирате“ помнењето кај децата.

Најновите теории велат дека не треба толку многу да се фокусираме на „успехот во училиштето“, наместо да тежнееме децата да ги претвориме во компјутери, би требало да ги учиме да бидат социјални суштества, да умеат да се снајдат во меѓучовечките односи, да бидат добри членови на заедницата, пишува „Дејли мејл“.

– Ние ги тренираме децата да го прават она што компјутерите го прават, едноставно да ги кажуваат запамтените факти, вели др. Кери Хирш Пасеј од универзитетот Темпл во Филаделфија.

– Но во тоа компјутерите секогаш ќе бидат подобри од луѓето, додаде таа.

Но ваквиот пристап го доведува под знак прашање сето она што го подразбираме под успех во училиште, па и успех генерално.

Наместо тоа др. Хирш-Пасек и нејзината колешка од Универзитетот во Девалер др. Роберт Голинкоф велат дека треба кај децата да развиваме и негуваме подготвеност на соработка, вештина на комуникација, критичко мислење, креативност во решавање на проблемите и самодоверба.

Подготвеноста на соработка е клучен елемент во успехот и во училиштето и надвор од него.

Вештината на комуникацијата тука подразбира говор, читање, пишување, но и умешност на слушање на другите.

Критичкото мислење е важно, бидејќи ни овозможува да ги употребиме стекнатите знаења на вистински начин, а креативноста во решавањето на проблемите е предност подоцна во текот на кариерата.

Самодовербата е клучна работа, со која на детето ќе му овозможите да има храброст да ризикува.

Се што вашето дете прави во училиште или дома, би требало да се заснова на овие постулати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска