Овошјето е здраво затоа нивните потенцијали треба да ги искористиме до максимум и да не ја фрламе кората додека не ја употребиме.
Во кората на портокалот има четири пати повеќе влакна отколку во нејзиниот плод, а поголем е и процентот на нобилетин и тангеретин – флавоноиди кои имаат антикацерогено, антидијабетско и антивоспалително дејство. Една студија покажала дека овие состојки многу успешно го намалуваат нивото на лошиот холестерол.
Како да ја употребите: искористете ја секоја можност да ја изрендате кората од портокалот во свежи салати, во јадења од боранија или аспарагус. За десерт, излупете го белиот дел од кората на портокалот и исечкајте го портокаловиот дел на тенки ленти па издинстајте ги во сируп од шеќер и прелијте ги со топена темна чоколада.
Во кората на лубеницата, поточно, во нејзиниот бел дел постои значајна количина цитрулин, аминокиселина која ги шири крвните садови и така ја поттикнува циркулацијата.
Како да ја употребите: ставете во блендер коцки од лубеница и исечканиот бел дел од кората, па додадете малку сок од лимет и шеќер – ќе добиете agua fresca, освежувачки мексикански пијалак кој треба добро да го изладите пред сервирање.
Истражувањата објавени во 2011. година покажале дека лушпата од кромидот претставува исклучително значаен извор на флавоноиди, особено на моќниот антиоксиданс кверцетин. Ова соединение дејствува антивоспалително и антиалергиски, го намалува лошиот холестерол и крвниот притисок и ја ублажува депресијата.
Како да ја употребите: додадете ја лушпата од кромидот во супите и чорбите, на тој начин ќе обезбедите поинтензивна арома и попривлечна боја.