Науката и милитантниот атеизам

Од:

Њујоркер – Њујорк

Како физичар често пишувам и зборувам за чудесната природа на нашиот универзум, бидејќи науката ја сметам за клучен дел од нашето културно наследство и мислам дека треба што пошироко да се популаризира. Во своите предавања понекогаш го спомнувам судирот на религијата и науката или ги исмевам религиските догми, поради што сум прогласен за „милитантен атеист‟. И некои од моите колеги научници учтиво ме прашуваат зошто ги критикувам побожните луѓе: треба да ги почитуваме чувствата на верниците, да избегнуваме судири со нив и заедно да градиме подобар и поправеден свет.

Ги следев вестите за Ким Дејвис, математичарка од Кентаки која наспроти одлуката на Врховниот суд одби да венчава геј парови и заврши во затвор поради непочитување на судот (подоцна е пуштена). Нејзините поддржувачи, како што е републиканскиот претседателски кандидат Ранд Пол, протестираат поради нарушување на нејзините верски слободи. „Апсурдно е поради тоа некој да се стави во затвор‟, рече Пол за CNN.

Случајот со Ким Дејвис покренува важно прашање: во која мера е дозволено кршење на закон кој е во спротивност со верските чувства на луѓето? Дали треба да се оди до крајности апсурдни дури и на сенаторот Пол: замислете џихадист чие толкување на Куранот дозволува сечење на глави на неверници и отпадници. Дали тој човек смее да го крши законот? Или да земеме не толку екстремен случај на матичар исламски фундаменталист кој на вонбрачните парови не им дозволува да влезат во зградата на општината или кој одбива да издаде брачни дозволи на непокриените жени. Во што е разликата меѓу овие случаи и случајот на Ким Дејвис? За Ранд Пол таа веројатно е во тоа што тој се согласува со Ким Дејвис, а има отпор кон исламските фундаменталисти.

Проблемот е очигледно во тоа што нечие свето на некој друг може да биде бесмислено (или одвратно). Затоа модерните секуларни општества донесуваат закони кои ги уредуваат постапките на луѓето, а не нивните идеи. Ниту една идеја и ниту едно верување не треба да бидат надвор од законот, но ништо не е толку свето да може да се оправа со кршење на законите. Дејвис може да верува во што и да сака, како што и џихадист може да верува во што сака; во двата случаи законот не ги ограничува нивните верувања туку она што тие го прават во нивно име.

Во последно време ова прашање е релативизирано. Под паролата на верските слободи, поединци, држави па дури и корпорации, на пример во случајот со Hobby Lobby, тврдат дека на религиска основа треба да бидат изземени од тие закони. (Законите од кои бараат изземеност не се бават само со религија туку и со социјални прашања, на пример правата на абортус и геј бракови). Власта има интерес да обезбеди рамноправно постапување кон своите граѓани. Но, застапниците на „верските слободи‟ тврдат дека религиските идеали во име на тие кои ги креираат се над законите. Тоа не е својствено за секуларно општество.

Причината за контроверзата која настана поради случајот со Ким Дејвис е тоа што како култура ги издигнавме верските чувства на неприкладно високо ниво, поради што трпат слободите на кои се темели нашето општество. Верската слобода подразбира дека сите верски идеали се рамноправни. Нема потреба за закони чија единствена цел е отфрлување или величење на тие идеали.

Секако, во науката и самиот збор „сакрално‟ е секуларен. Ниту една идеја, верска или некоја друга, не се прифаќа лесно. Во научен труд е неприфатливо априорно прифаќање на било која идеја или поим. Оваа посветеност на науката на отворено преиспитување длабоко е поврзана со фактот дека науката е атеистички потфат. „Мојата научничка пракса е атеистичка‟, напишал билогот Џ. Б. С. Холдејн во 1934 година. „Тоа значи дека додека вршам експерименти не очекувам мешање на господ, ангели или ѓаволи. Така постигнав успех во професионалната кариера‟. Навистина е иронична опседнатоста на толку луѓе со односот на науката и религијата; тој всушност не постои. За над 30 години кариера ниту еднаш на некој научен собир не го слушнав зборот „господ‟. Верувањето или неверувањето во господ е ирелевантно за науката, како и прашањето за обврските на граѓаните да се почитуваат законите.

Бидејќи ниту една идеја не е света, науката неизбежно ги одвлекува луѓето од религијата. Колку повеќе дознаваме за делувањето на природата, религијата се повеќе ја губи целта на постоењето. Научниците во принцип не шират лаги за својата работа. Но, понекогаш, за да не се замерат со некого, тие со меки искази ја лажат јавноста со тези дека нивните научни откритија се во согласност со религиските доктрини, или едноставно ги премолчуваат контрадикциите меѓу овие области. Во прашање е чудна попустливост, бидејќи научниците инаку се познати по задоволството со кое се спротивставуваат на другите идеи со кои не се согласуваат. Астрономите се потсмеваат на астролозите, без оглед на тоа што голем дел од јавноста верува во астрологијата. Лекарите отворено ги напаѓаат противниците на вакцинациите поради загрозување на здравјето на децата. Но, многу научници се воздржуваат од потсмевање на религијата, во страв дека тоа луѓето ќе ги оддалечи од науката. Според мое мислење, тоа е лицемерен став.

Оваа воздржаност на научниците има лоши последици. Да ја земеме како пример Американската федерација за планирано родителство, чии противници бараат во оваа фискална година, од 1 октомври да се прекине нејзиното финансирање од федералните фондови. Зошто? Затоа што Федерацијата за планирано родителство, примероците од ткивата добиени при абортус, ги дава на научниците кои истражуваат разни болести, од Алцхајмер до рак.

(Чувањето на тие примероци е скапо и Федерацијата ги наплатува своите услуги). Јасно е дека многу противници на планираното родителство истовремено се противници на абортусот и тоа не на верска основа и дека во различни степени се противници на науката. Дали научниците поради тоа треба да молчат, за да не ги навредат своите противници уште повеќе и да не ги оддалечат од науката? Или треба гласно да кажат дека ткивото на фетусот помага во подобрување и спасување на човечки животи?

Предомислувањето да се преиспитуваат било чии убедувања доведува до табуизирање на преиспитувањето на било што.

Затоа е важно научниците да зборуваат отворено. Не е лесно да се покрене разговор за односот на науката: некои млади луѓе ми се жалеа на бојкот на своите семејства во кои го покренале ова прашање. Научниците треба со својот пример да покажат дека преиспитувањето на усвоените вистини, а посебно на „светите вистини‟, е суштински дел од животот во слободна земја.

Накусо, постои директна врска меѓу научната и граѓанската етика. Космологијата, која е моја специјалност, делува далеку од одбивањето на Ким Дејвис да издаде брачни дозволи на геј парови, но двата домена делат исти вредности.

Наметнувањето на научните вистини ја подрушува науката. Исто така верските ставови кои бараат имунитет во општеството, ги подрушуваат самите основи на модерната секуларна демократија. Имаме обврска кон себе и своите деца да се спротивставиме на властие, дали биле тие тоталитарни, теократски или демократски, кои наметнуваат идеи кои се сметаат за „свети‟. Петсто години од науката го ослободија човештвото од ланци наметнати од незнаењето. Тоа е причина за големо славје, а не грижа за тоа кој со тоа ќе биде навреден. И ако така се добива етикета на милитантен атеист, тогаш научниците треба да ја носат со гордост.

Лоренс М. Краус е професор на Државниот универзитет Аризона, директор на Origins Project и претседател на комисијата за спонозорства Bulletina of the Atomic Scientists. Автор е на поголем број на книги, меѓу кои The Physics of Star Trek и најновата A Universe from Nothing.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска