Али Разеги од Иранскиот центар за стратешки изуми е длабоко убеден дека пронашол времеплов, а благодарение на својата драматична изјава, станал предмет на потсмев кај светските медиуми.
Меѓутоа, Разеги тврди дека неговиот времеплов Aryayek може да ве однесе само во иднината, поточно иднината да ви ја донесе вам.
Мојот изум е со големина на просечен компјутер, а иднината ви ја носи вам, јасно изјавил Разеги.
Иако веројатно нема да стане познат поради овој изум, 27 годишниот научник се стекнал со светска слава благодарение на неговата изјава за британскиот Телеграф, која набрзо се проширила по сите друштвени мрежи. Овој млад научник на својот времеплов работел цели 10 години, но својот прототип одбива да го покаже во јавност.