Познавањето на работата со компјутер секако е предност, но адолесцентите мораат да „другаруваат“ и со книгата.
Вашиот тинејџер секогаш е со компјутерот? Не само што е зависен од игрите и четувањето, туку и лектирите почна да ги чита преку екран? Секако познавањето на работата на компјутер е повеќе од корисно, но децата на оваа возраст би требало и да читаат книги.
Помогнете му на детето да ја изргади оваа навика, од време на време да се повлече од екранот, заради збогатување на знаењето и речникот.
Убедете ги децата лектирите да ги читаат во печатени изданија и помогнете им да се заинтересират за книгите кои се за нивна возраст. Купувајте им и носете им од библиотека интересни книги, кои ги нма во електронско издание, за да ја разберат предноста на хартијата над екранот.
Набавете им бестселери врз основа на кои се снимени и филмови, па заедно анализирајте ја приказната од книга и од големиот екран. Кога одите на заедничко патување или на излет спакувајте книги за себе и за нив, за да може во одреден момент да читате во исто време. Направете од тоа семеен ритуал.