Насочете ги децата сами да пронајдат решение

Од:

Психолозите ги советуваат родителите да не им делат на децата совети за однесување, туку со личен пример да покажат како треба да реагираат во одредени ситуации.

Децата од семејствата, кои негувале традиционални обичаи и празнични ритуали кога ќе пораснат имаат изразено чувство на припадност на семејството. Тие се поприврзани кон родителите и се подобри членови на деловниот тим, покажува едно истражување.

Експертите нагласуваат дека кога станува збор за воспитувањето подеднакво важна улога имаат двајцата родители.

Во тој однос мајката првенствено треба да пружа нежност, поддршка и разбирање. Нејзиното однесување претставува темел за градење на стабилна приврзаност, исклучително важна и кога детето ќе стане возрасна личност, кога ќе воспостави различни односи со другите, особено партнерски.

Таткото од друга страна го пружа моделот на доживување на реалноста.

Не ги решавајте проблемите на своите деца, туку насочете ги сами да најдат решение.

Помогнете им да израснат во одговорна, зрела, самостојна и задоволна личност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска