„Наследство“, серија во продукција на „Ејч-би-о“ за медиумски могул и неговото раскарано семејство, собра 25 номинации за „Еми“, вклучително и една за престижната награда за најдобра драма.
Ќе се спротивстави на јужнокорејскиот трилер „Сквид гејм“ на „Нетфликс инк“, прва серија на неанглиски јазик номинирана за „Еми“. „Сквид гејм“ раскажува приказна за сиромашни луѓе кои се натпреваруваат за парична награда, понекогаш со фатални последици.
Научнофантастичниот хит на „Нетфликс“, Stranger Things, и Euphoria на „ХБО“, за тинејџери кои се занимаваат со секс, дрога и социјални мрежи, исто така беа номинирани за статуетката за најдобра ТВ-драма.
Стримуваните телевизиски серии доминираат во номинациите, продолжувајќи го трендот на публика што преферира да гледа од дома. „ХБО“ и „ХБО- макс“ добија вкупно 140 номинации. „Нетфликс“ има 105.