Откако Хју Хефнер почина во септември оваа година, сега во јавноста се појавија документи во кои се наведени условите што треба да ги исполнат неговите наследници.
Доколку тие не ги исполнат тие услови може да останат без наследството.
Освен вдовицата Кристал Хефнер, наследници на Хју се и неговите четири деца, Кристи А. Хефнер, Дејвид Хефнер, Марстон Хефнер и Купер Хефнер.
Во документите е наведено дека наследниците никогаш не смеат да станат зависници од алкохол и дрога, а доколку не одолеат на пороците ќе останат без пари.
Доколку некој од наследниците остане без правата, според тестаментот на Хју Хефнер, правата може да му се вратат ако наследникот докаже дека 12 месеци од губењето на правата не консумирал ништо или ако комисијата заклучи дека е во состојба да се грижи за себе и за своите финансии.