Наскоро нов Берлински ѕид, но овојпат како уметничко дело

Од:

Германскиот главен град Берлин можеби повторно ќе го добие својот озлогласен ѕид – барем на четири недели, но сега како уметничко дело. Се предвидува зданието до средината на октомври да биде подигнато околу блок згради во центарот на градот.

Сите кои ќе сакаат да ја видат умметничката реплика на ѕидот ќе треба да набават „виза“ преку интернет, што чини 15 евра. Како што е планирано, кога ќе се влезе во зоната на ѕидот, посетителите ќе мора своите мобилни да ги заменат со други кои содржат инструкции за обиколката, документарци, изложби и концерти.

Предвидено е новиот ѕид да биде разурнат на 9 ноември, точно 29 години по падот на вистинскиот Берлински ѕид, којшто значеше поделба за градот од 1961 до 1989 години.

Уметниците, меѓутоа, се уште чекаат одобрување на градските власти, за да започнат со поставување на уметничкото дело.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина