Нашиот ум сака репризи

Од:

Гледајќи ги репризите на омилените ТВ емисии и филмски серии најдобро се опуштаме затоа што тие не бараат дополнително оптоварување на мозокот и размислување. Со тоа се заштедува енергија и позитивни чувства кон другите, па по гледањето на ваквата серија подобро функционираме.

Иако ги знаете сите епизоди на памет, сепак не ги пропуштате репризите на „Пријатели“, „Мачки“, „Како ќе каже Џим“, форензичарите или пак „Сексот и градот“.

Верувале или не, според универзитетските истражувачи од Бафало, всушност со оваа ваша постапка правите добро дело за вашиот мозок, го полните со енергија.

Истражувачите откриле дека по гледањето на веќе добро познатите серији, луѓето подобро се справуваат со ментални задачи, пример крстозбор, имаат поголема самоконтрола и концентрација отколку пред гледањето на репризата на нивната омилена серија.

„За да гледаме повторно некоја серија не ни е потребна ментална енергија затоа што нашиот мозок не размислува за она што го гледа. Во исто време, уживаме во интеракцијата со познатите ликови од серијата, а токму таа наша активност ја зголемува нашата сила“, изјави лидерот на истражувачкиот тим, Џеј Дерик.

Тој објасни дека луѓето имаат ограничени ментални способности со кои во текот на денот потребно е да извршат повеќе задачи. Со репризите на идеален начин се заштедува енергијата.

За разлика од старите, за новите серии се бара дополнително напрегање на мозокот, а со тоа се трошиме повеќе и бараме дополнителна енергија.

А една заедничка предност за сите тв серии, е тоа што луѓето што ги гледаат се поподготвени да простуваат за разлика од другите, прават романтични гестови кон своите партнери и имаат поголема желба за дружење.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска