Леталото на НАСА, Озирис-Ркес направи фотографија на Земјата и Месечината од оддалеченост од пет милиони километри. На фотографијата може да се забележи разликата во големината на нашата планета и нејзиниот сателит, како и оддалеченоста помеѓу двете небески тела.
Озиарис-Рекс е лансиран во септември 2016. година, а неговата цел е да слета на астероидот Бену.
Откако ќе собере примероци од астероидот во март 2021 година, би требало да тргне да се враќа назад кон Земјата, каде се очекува да стигне во септември 2023. година.
Астероидот Бену е еден од 7.000 астероиди кои се движат во близина на Земјата, од кои 26 имаат пречник поголем од 200 метри.
Од тие 26, пет се од јаглеродно потекло, што значи дека настанале на самиот почеток на Сончевиот систем, пред отприлика четири милијарди години.
Пречникот на Бену е околу 500 метри, а поминува покрај Земјата.
Бену својата орбита околу Сонцето ја поминува за 436 дена, а на секои шест години доаѓа многу блиску до Земјата, на околу 300 илјади километри, што е поблиску од Месечината.