Наредба за повлекување на „Фервекс“ од пазарот

Од:

Производителот на популарниот антивирусен лек „Фервекс“, „Бристол-Маерс Сквиб“ издаде наредба за повлекување на производот од пазарот.

Наредбата уследи откако беше откриено дека лекот „Фервекс“ со вкус на малина содржи атипична бактериска флора.

Иако, бактериската флора беше пронајдена само во лекот со арома на малина, „Бристол-Маерс Сквиб“ реши превентивно да го повлече целокупниот асортиман на „Фервекс“.

Мерката уследи откако во Франција беше откриено дека „Фервекс Малина“ содржи бактерија која може да предизвика гадење, повраќање и дејареа.

„Бристол-Маерс Сквиб“ соопшти дека досегашните анализи покажале оти бактерија била присутна во сахарозата што се додава во лекот. Компенијата потенцира дека анализите на лекот продолжуваат и дека кога ќе бидат добиени нови податоци јавноста ќе биде навремено информирана за нив.

„Фервексот“ вообичаено се препорачува за симптоматско лекување на настинки, разни форми на ринитис, висока температура и болки во мускулите.

Би можело да ве интересира

На почетокот на идната година ново проширување на позитивната листа лекови, најави Таравари

Tаравари: Деветте нови лекови на позитивната листа во аптеките ќе можат бесплатно да се земаат од 16 септември

Клековски: Од 16 септември функционална новата позитивна листа на лекови

Горан Наумовски

Мицкоски: Со новото проширувањето на позитивната листа на лекови ќе бидат заштедени милиони евра пари на граѓаните

Позитивната листата на лекови е дополнета благодарение на СДСМ, велат од партијата

Девет нови лекови на позитивната листа

Горан Наумовски