Нападнат и ограбен на спиење британскиот возач на Ф-1 Џенсон Батон

Од:

Британскиот возач на Формула-1, Џенсон Батон и неговата сопруга Џесика, биле нападнати и ограбени на спиење, во една вила во Сен Тропе на францускиот медитерански брег.

Двајца маскирани провалници, влегле во вилата и украле накит и други вредни, лични предмети на брачната двојка, меѓу кои и свршеничкиот прстен на сопругата на Батон.

Вредноста на украдените предмети се проценува на околу 300 илјади фунти.

Брачната двојка Батон и нивните пријатели, престојувале во изнајмена вила во ова монденско француско туристички место.

Претставник на Батон изјави за лондонските весници дека крадците употребиле анестетички гас, при упадот во вилата, за да ги онеспособат домаќините додека спиеле и за да спречат било какво изненадување.

Никој не е повреден при нападот, но Батон и неговата сопруга признале дека се чувствуваат „добро протресени“.

Француската полиција признава дека се соочува со сериозни проблеми поради големиот број напади и провалнички кражби во вилите и имотите на медитеранскиот брег.

Многу често, провалниците употребуваат гас за успивање, или за неутрализирање на луѓето во вилите, што го пуштаат низ системите за вентилација и ладење.

Џенсон Батон и неговата споруга Џесика, со која е во брак осум месеци, живеат во Монако, на 150 километри од Сен Тропе.

Тој беше светски шампион во Формула-1 во 2009 година, а минатата година се пласира на деветото место.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес