Најважни летни правила за хидрација

Од:

Во текот на летните месеци лесно може да заборавите на соодветен внес на течности. Секое нарушување на рамнотежата на внесувањето на вода може да има сериозни последици по здравјето.

Како да ја препознаете дехидратацијата

Дехидратацијата е прекумерно губење телесни течности, а најчесто се јавува како последица на дијареа, повраќање, претерано потење или премал внес на течности.
Еден од првите знаци на дехидрирање е чувство на жед кој е сигнал на телото веднаш да испиете чаша вода.

Многу благо губење течности може да се препознае по темната боја на урината. Тешка дехидратација предизвикува големо губење енергија, што се препознава преку симптоми како што се замор и поспаност, сува и леплива кожа, испукани усни и намалено потење.

И храната ја гаси жедта

Освен водата, природните сокови и незасладените чаеви, за хидрација се одлични и млекото и ферментираните млечни напитоци, овошјето и зеленчукот.

Труење со вода

Дехидратацијата не е единствена последица на неправилна хидрација, туку може да дојде и до труење со вода. Без оглед дали се работи за потење како последица на високите летни температури или напорниот тренинг, или дехидратација поради дијареа или повраќање, зголемениот внес на течности е препорачан, поради што многумина знаат да претераат со внесот на вода.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска