Најубавите божикни саеми во Европа

Од:

Секој од овие божикни саеми е посебен бидејќи гордо покажува дел од културата на регионот во кој се одржува.

Инзбрук, Австрија, 15 ноември – 6 јануари
Удобноста на топлиот оган и божикните сијалички ќе ви го доловат ова градче кое е опколено со планини. Во Стариот град ќе наидете на неколку саеми кои тој дел од градот го прават уште по романтичен. Таму можете да купите бисквити, дрвени играчки и богати украси за елка, а на зајдисонце ќе уживате во божикни песни кои ги изведуваат трубачи на 500 години стар Златен кров. Ви предлагаме обавезно да пробате кјакл, крофни правени со сок од брусници.

Анжер, Франција, 28 ноември – 27 декември
Франција е позната по страста за храна, а фестивалот Солеилс д Хивер во Анжер е круна на француското кулинарство. Тука ќе најдете многу широка понуда на деликатеси не само од покраината на Лоара, туку и на целата земја. Пробајте греено вино, грицкајте лешници и јадете зашеќерени јаболки. За децата има вовче, а возрасните за тоа време можат да посетат продавници на елегантна стока во центарот на градот.

Стразбур, Франција, 27 ноември – 31 декември
Целат година Стразбур маѓепсува со посебен шарм, но во текот на божикните празници престолнината на покраината Алзас е уште поволшебна. Древните куќички се украсени со џиновски срца, ѕвезди, ангели и снегулки кои го осветлуваат градот. Поради сето тоа, саемот е прогласен за најдобар божикен саем во Европа! Секако не без причина, бидејќи во прашање е долга традиција. Саемот датира дури од 1570 година. Ако ве нанесе патот таму, не заборавајте да пробате бредели, посебни пецива со различна форма и вкусови, кои варираат од лешник до портокал.

Хамбург, Германија, 23 ноември – 6 јануари
Според својата разновидност тешко дека нешто може да го надмине Хамбург, кој нуди 15 различни божикни саеми за луѓето со различни вкусови. Љубителите на традиционалното свое место ќе најдат пред величествената градска палата каде многу штандови нудат колачи и ракотворби. На децата најпримамлива е улицата на играчките Шпилзеугасе, на романтичарите најмногу ќе им се допадне Јунгефернстиг кој обилува со ексклузивна храна и подароци.

Болоња, Италија, 17 ноември – 7 јануари
Буон натале е поздрав кој често се слуша на улиците на овој италијански град, додека се шетате покрај Катедралата на Свети Петар од 12 век. Освен прекрасните стаклени украси за елка кои можете да ги купите и на тамошните саеми, туристите во Болоња пред се одат поради одличната храна. Овошје од марципан, кошнички од лимон потопени во чоколадо, божикни лешници, се само некои од слатките колачи во кои можете да уживате.

Стокхолм, Шведска, 21 ноември – 23 декември
Пред Нобеловиот музеј покрај кралската палата шарени штандови се преполни со шведски оригинални производи. Интересно е тоа дека цените на тие штандови за зачудувачки прифатливи, од евро па нагоре. Додека децата играат томбола и јадат колачи, возрасните се греат со греано вино наречено глог. Цела Скандинавија е како од разгледница, прекриена со снег, па таквата глетка на саемот се чини уште поубава.

Виљнус, Литванија, 29 ноември – 11 јануари
Литванците навистина знаат како да овозможат на сограѓаните и бројните туристи добар божикен провод. Најфасцинантна е телевизиската кула која секоја година се претвора во огромна елка со многу лампиони. Таму ќе добиете греено вино ако порачате карстас винас. Со оглед на годишното време, нема да ви пречат ни традиционалните волнени капи и ракавици.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ