Имајте на ум дека само 67% од луѓето кои велат дека ги мијат рацете навистина тоа го прават, а само третина од нив користат сапун.
Што допираат најчесто луѓето и каде има најопасни бактерии?
Според податоците на британските научници, следниве 11 “предмети” се најстрашни жаришта на бактерии:
1. Кваки
2. Копчињата во лифтот
3. Рачките од корпите и количките во супермаркетите
4. Менито во рестораните
5. Парите од благајна
6. Прекинувач за светло
7. Садовите за сол и бибер во рестораните
8. Баровите за самопослужување со салата
9. Банкомати
10. Справи за вежбање
11. Славини за вода
Но, не паничете! Доколку често ги миете рацете, пред готвењето, јадењето, по одењето во тоалет, по фрлањето на ѓубрето, галењето на животни и по дувањето на носот, ќе спречите повеќе инфекции.
И секогаш е поважно добро да ги измиете рацете, отколку да користите антибактериски сапун.
Исто така, не го допирајте лицето кога не сте дома. Бактериите лесно можат да влезат во телото ако ги допирате очите, носот, брадата или усните.