Најмладата милијардерка во светот во затвор: Елизабет Холмс почна да ја отслужува казната

Од:

Основачката на Теранос, Елизабет Холмс, денеска е однесена во федерален затвор по повеќекратните обиди да се одложи почетокот на нејзината казна. Таа поднесе жалба, која беше одбиена, а друга пресуда ѝ наложи да плати 452 милиони долари отшетаа на жртвите на измамата. Осудена е на 11 години затвор.

Поранешната миленичка од Силиконската долина беше осудена во јануари за три точки за измама и една точка за заговор, откако поротата откри дека криминално ги измамила инвеститорите со лажно тврдење дека технологијата за тестирање на крвта на нејзината компанија може да дијагностицира болести со само неколку капки крв.

Холмс и поранешниот главен оперативец на Теранос, Рамеш Балвани, кои биле во интимна врска додека работеле заедно, се обвинети за ангажирање во мултимилионска шема за измама на инвеститорите од 2010 до 2015 година, како и за шема за измама лекари и пациенти кои имаат платено услуги за испитување на крвта од 2013 до 2016 година.

Холмс измам истакнати и многу богати семејства, кои ги користеле услугите на нејзината фирма или инвестирале во неа. Дури и ангажираше неколку познати личности да соберат пари за Теранос, чија вредност беше проценета на 9 милијарди долари во својот врв.

Меѓу донаторите беа поранешниот државен секретар Хенри Кисинџер и семејството Волтон, познато по основањето на американскиот синџир супермаркети Волмарт, но откако беше откриено дека нејзината технологија за тестирање на крвта не функционира, многумина го загубија своето богатство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Осигурителна измама во Тетово: Лажен агент измамил познаник за 9.200 евра

Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва

Директорот на „Стрежево“ купил стар ратрак кој го платил како да е нов

Кривична за двајца измамници кои од брачен пар од Струмица зеле 3.000 евра

Македонска пошта заглавена во среден век – пратки се делат рачно, доцнат со месеци, нема начин да спречи измами со пратки