Астрономите од Универзитетот во Саутемптон ја открија најголемата вселенска експлозија досега забележана, која е 10 пати посветла од која било позната супернова.
Експлозијата, позната како AT2021Iwx, во овој момент трае повеќе од три години, пишува Independent. Астрономите веруваат дека експлозијата е резултат на голем облак од гас, најверојатно илјада пати поголем од Сонцето.
Експлозијата се случила на растојание од речиси осум милијарди светлосни години, кога универзумот бил стар околу шест милијарди години. Истражувачите изјавија дека ваквите настани се многу ретки и дека се уште не биле сведоци на ништо со оваа големина.
Минатата година, астрономите ја забележаа најсјајната експлозија позната како GRB221009A.