Со цел да вго добијат или да го задржат момчето со кое веќе некое време се забавуваат, некои девојки понекогаш од очај, или кој знае од што тотално применуваат погрешни методи. Тие дури и мислат дека тоа се вистинските начини да се освојат мажите, но сепак се е толку спротивно.
Ако сакате да го задржите човекот покрај себе, заборавете на следните погрешни чекори:
Грешка број 1 – Ужасно сум секси
Сликата на профилот на „фејсбук“ ја менува по неколку пати на ден, стандардна позиција, со малку кожа особено во пределот на деколтето, добра фризура, шминка и се разбира истакнати усни. Никако не е и јасно како сите ја „лајкуваат“ секоја нејзина фотографија, само тој ја игнорира.
Мисли дека треба да се потруди уште повеќе, па тоа и го прави.
Грешка број 2 – Достапна сум
Му праќа пораки, му се јавува, а тој во повеќето случаи ништо. Потоа еднаш на „сто години“ тој ќе испрати порака и целата ќе се исполни со среќа. Одговара веднаш на пораката и иницира разговор, но повторно неуспех. Како и да таа ќе чека колку и да е потребно, бидејќи верува дека нејзиниот труд ќе и се исплати. Не и паѓа на памет да не му врати на пораката или на пример да му покаже дека нашла некој друг.
Грешка број 3 – Каде ти, таму и јас
Мисли дека постојано треба да бидат заедно и дека излегувањето е најдобриот начин да се запознаат подобро. Тогаш со помош на малку алкохол сме најискрени. Местото на излегување вообичаено зависи од него, каде тој таму и таа. Најмногу се нервира кога ќе се „скоцка“ и цела вечер ќе го чека да се појави, а тој баш таа вечер нема да додје. Сепак се надева дека ништо не е загубено, затоа што неговите другари ќе му пренесат се.
Грешка бр. 4 – Јас сум пијана и подготвена на сè
Тогаш се има најмногу храброст да каже се што и лежи на душа. Ќе се изнавика, па потоа се ќе заборави. Штета што испратила веќе порака, па го навреди и сега мисли дека веќе погрешно е сфатена. За неколку минути се извинува за таа порака. Па следува нова : Ти си единствениот човек кој ме интересира, те сакам, те молам дојди…
Одговор ќе нема, па ќе почне да плаче, без разлика каде и да е и ќе направи сцена.
Грешка бр. 5 – Јас и моите пријателки сме законот и не ни требаат мажи
Таа размислува во стилот, дека може да живее и без него, му вели дека нејзиниот живот не се врти околу него. Има милион други кои се подобри од него, но сепак нејзе и на нејзините другарки не им требаат мажи. Пишува разни статуси на фб, во кои се чувствува доза феминизам, но понекогаш и остра насоченост против машкиот пол и не може да поверува дека тој и на сето ова не реагира.