Најгласната тишина, што некогаш сум ја слушнал

Од:

Војската често го користела токму звукот на плачењето на бебињата како мерка за тортура врз луѓето. Тој звук ги активира најниските делови на мозокот и покажува дека нешто не е добро, пишува американскиот писател Тревис Норвуд.

Тој вели дека кога луѓето ќе го слушнат плачењето на бебето, нивниот прв одговор е обидот да го спречат, со шише, играчки, лулање. Сето она што го зголемува овој звук изгледа како дупчење во нашата глава. Плачењето на бебето е навистина непријатен звук.

Следува неговата приказна за тоа како го сменил своето мислење во врска со плачењето на бебето:

„И јас некогаш мислев така. Но пред десет години мојата жена и јас го посетивме Алмати (Казастан) за да го посвоиме нашиот син (нашето четврто дете). Во Казахстан постојат традиционални сиропиталишта. Замислете ги сите оние слики од филмовите за сиропатилиштата, но со уште помизерни услови. Ова сиропатилиште кое го посетивме е стара советска градба.

Неколку недели пред самото посвојување го посетувавме нашиот иден тогаш 16-месечен син секојдневно на еден час и половина, односно ни го носеа. Секогаш беше во други пелени, оакви какви што можеле да најдат. Повеќе пати беше и во розови хулахопки со цвеќиња.

Вработените во сиропатилиштето искрено се грижеа за него. Сепак на 30 мали деца доаѓаше само по еден вработен, а некогаш тој сооднос беше и полош, едноставно беа преплавени. Еден ден не беше достапен ниту еден вработен. За да го вратиме нашиот иден син, одлучивме сами да одиме до местото каде децата го поминуваа најголем дел од денот.

Внимателно влеговме во просторијата полна со креветчиња. Имаше околу 20 креветчиња и во секое имаше дете на возраст од неколку месеци до една или две години.

Двајцата стоевме и гледавме. Забележавме дека тука нешто не е во ред. Просторијата беше неверојатно мирна и тивка.

Тишина.

Проверивме дали сите деца спијат. Само неколку од нив. Некои беа станати, но голем број лежеа на грб. Од претходните посети знаевме дека нашето бебе секогаш е гладно. Тие немаа доволно за сите. Нашиот син на 16 месеци тежеше само околу седум килограми.

Просторија со 20 мали гладни деца би требало да биде какофонича од плачење. Дури и да не се гладни, би плачење заради тоа што им треба менување на пелени или внимание. Некои би можеби би сакале да ги кренат во раце.

Овие деца понекогаш плачеле. Инстиктивно. Децата плачат за да им „кажат“ на возрасните дека имаат некој проблем.

Сепак ако детето плаче и плаче повторно и неговите пчотреби не се задоволени, ако никој не доаѓа, тоа набрзо разбира дека плачењето е бесмислено. Значи, тоа беше просторија со 20 бебиња кои биле тотало „изгаснати“. Во тој момент некој да ме прашаше ќе речев дека ќе ги посвојам сите.

Плачењето е звук на животот. Детето вели: „Јас верувам дека некој моите потреби ќе ги задоволи. Дека некој ме сака. Дека некој ќе дојде“.

Тоа е убав звук.

Првпат кога нашиот син плачеше знаевме дека нешто се менува кај него. Тој разбра дека ние реагираме на неговото плачење.

Следниот пат кога ќе се најдете во ситуација кога детето плаче и каде неговото плачење не би требало да се слушне, како црква, ресторан, театар, потсетете се дека тоа е најчистиот повик за љубов. Не го игнорирајте овој звук и радувајте се дека на плачењето кое го слушате ќе биде одговорено“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска