Најдобрата држава за мајчинство е Норвешка, а на дното на листата е Сомалија

Од:

Норвешка е најдобра држава за мајчинство во светот, а најлоши услови за мајките има во Сомалија, покажува годишната класификација на невладината организација „Спасете ги децата“ (Save the Children). Македонија, според овогодишната класификација го зазеде 37. место.

Финска, која минатата година беше на прво место, оваа е на втората позиција, а трет е Исланд, потоа следуваат Данска, Шведка, Холандија, Шпанија и Германија. Австралија е деветта и  единствена неевропска земја во првите десет. На десеттата позиција е Белгија.

Канада е на 20. место, Франција на 23., Велика Британија на 24-то.

За жените во Велика Британија постои два пати поголема опасност од смрт при бременост или раѓање од жените во Полска и Белорусија. Опасноста за идните британски мајки е поголема и од Чешка и Бугарија, пишува британскиот весник „Дејли мејл“. Ризикот од смрт при бременост или раѓање во Велика Британија е еден на 6.900.

САД се на 33. место и се далеку зад скандинавските земји, кои традиционално секогаш ги заземаат првите позиции во класификацијата од 179 држави, која е направена според критериумите на мајчиното здравје, образованието, нивото на приходи, статусот на жените, нивното учество во политиката.

Децата родени од образование жени, според класификацијата имаат поголеми шанси да бидат здрави. Учеството на жените во политиката се смета за важен критериум, бидеќи од тоа зависи и политиката кон семејството во одредена држава.

САД лани беа на 31. место, а сега се зад Јапонија, Полска и Хрватска. Американските жени се изложени на десет пати поголем  ризик од смрт при раѓање, отколку Полјакињите и се најзагрозени во однос на тој показател од сите развиени земји. Вашингтон има рекорд во смртност кај децата меѓу 24-те најбогати главни градови со 7,9 починати бебиња на секое илјада родени. Во Стокхолм и Осло тој показател е две на илјада.

Последните десет во класификацијата се африкански земји. На 169 место се Сиера Леоне и Хаити, а потоа следуваат Гвинеа Бисао, Чад, Брегот на Слоновата Коска, Гамбиа, Нигер, Мали, Централноафриканската Република и ДР Конго. Во девет од тие десет африкански земји има вооружени конфликти. На последно место е Сомалија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска