Најдобра храна во јули

Од:

Веројатно не постои месец во годината во кој сезонската храна е здрава и вкусна како во јули. Во овој месец можеме да уживаме во најсочното летно овошје, но и во свежиот зеленчук.

Праски

Една праска со средна големина покрај убавиот вкус на нашиот организам ќе му обезбеди многу влакна, витамин Ц и А. Витаминот А му помага на нашиот организам да одржи баланс на течности во текот на долгите летни месеци, а витаминот Ц прави чуда за имунолошкиот систем на кожата, особено во летниот период кога таа често е изложена на агресивни сончеви зраци.

Домати

domatiii

Една порција исецкани домати даваат доза на витамин Ц која е еднаква на една третина дневни потреби на човекот, а со оваа количина домати обезбедуваме и исто толкава доза на витамин А.

Доматите се богати со витамините Б6, Е и К, а содржат и влакна.

Доматите содржат и ликопен, моќен антиоксиданс што помага во борбата со некои видови рак, но и со кардиоваскуларното здравје.

Пченка

Пченката е богата со влакна и преполна е со вода. Во неа има многу витамин Ц, а еден клас содржи десет отсто од вкупната количина на овој витамин која ви е потребна во текот на денот.

Лубеница

watermelon-cut-in-wedges-david-smith

Додека растат температурите, резанка сочна лубеница, која е полна со вода, ќе ви обезбеди да останете хидрирани. Со оглед дека 92 отсто од лубеницата е вода, таа има многумалку калории, а ќе ви помогне да се наполните со течност. Таа исто така содржи витамини А и Ц, а во неа има ликоден и бета каротен.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава