Првото место на списокот на поими кои корисниците на речникот „Меријам-Вебстер“ начесто ги проверувале во 2012 година рамноправно го делат „социјализам“ и „капитализам“.
Уредникот на изданието Питер Соколовски рече дека овој податок не изненадува, со оглед на тоа што овие зборови безброј пати се изговорени во текот на претседателските избори во САД и расправите за здравствените реформи.
Уште неколку зборови од списокот за најбарани поими во изминатите години:
– „Malarkey“ (бесмислица, глупост) е најбаран поединечен поим во текот на периодот од 24 часа (3.000 пати) откако Џо Бајден го употреби овој израз во дебатата со Пол Рајан.
– Меѓу останатите често пороверувани поими со политичко значење спаѓаат: „democracy“ (демократија), globalization(глобализација), „marriage“ (брак) и „bigot“ (фанатик, заостанат, со тесни погледи). Двата последни зборови често се спомнувани во расправата за хомосексуалните бракови.
– Изразот „meme“ (мим, израз кој означува единица културолошка информација, како што се културолошката пракса или идеја која се пренесува вербало или повторување на некоја активност од еден ум до друг) проверуван е двојно повеќе отколку во претходната година, делимно поради брзото ширење на „мимови“ кои се појавија во текот на изборите во САД (напр. Голема жолта птица -демократите објавија спот, чиј главен јунак е Големата жолта птица од серијата „Улица Сезам“ и во кој се исмејува Мит Ромни поради изјавата дека ќе ги намали средствата за јавниот сервис кој ја снима таа серија).
– Оние кои уживаат во разочарувањето на приврзаниците на Ромни поради неговиот пораз на изборите најверојатно се меѓу корисниците на Вебстеровиот речник кои барале објаснување на зборот „Schadenfreude“ ( на германски ликување).
– Еве и еден збор кој нема политичко значење: „touche“ кој еден од учесниците на ријалити-програмата „Сурвајвер“ погрешно го употреби со значењето „малер“, „баксуз“, наместо со значењето „1:0 за мене“.