Здружението Борка – за секој нов ден денеска во Скопје организира Национална конференција за борба против рак на дојката. Конференцијата се одржува под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Македонија Маја Иванова.
На конференцијата ќе биде промовиран првиот веб сајт за онлајн донирање кој во иднина ќе биде составен дел од веб страната на БОРКА, www.borka.org.mk, а ќе бидат и доделени благодарници на сите соработници на Здружението БОРКА, сите волонтери кои несебично и помагаат на Борка во секоја кампања и на сите фирми кои водејќи се од општествено-корпоративната одговорност се поддржувачи на Борка во борбата против ракот.