Цртежите на децата можат да направат проблем доколку немате совршено место за нивно чување. Затоа има неколку начини да ги сочувате.
Искористете албум за слики
Земете албум со еднобојна позадини и залепете ги детските цртежи. Во договор со детето можете да креирате и интересни колажи. Таквиот албум ќе биде интересен и ќе биде уникатно место за чување на успомени. Можете и да ги фотографирате цртежите и така да ги сочувате во некој од албумите.
Направете колаж
Направете ѕиден колаж во договор со детето, па од цртежите ќе добиете единствена слика, која подоцна можете да ја ставите во рамка.
Скенер
Цртежите можете и да ги скенирате и на тој начин да ги ставите во комјутер.