На велешката „Питијада“ за два дена продадени 40 илјади пити и 11 тони вино

Од:

Единаесеттата „Питијада“ во Велес за два дена имаше 20 илјади посетители, беа продадени 40 илјади пити пастрмајлии и 11 тони вино.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев денеска на прес-конференција рече дека овие бројки се само од штандовите кои се наоѓаат на улица „Благој Ѓорев“.

– Ако се земат предвид угостителските објекти во градот, бројот ќе биде поголем. Задоволен сум од бројот на гости, но и поради фактот што во изминатите два дена и покрај големата посетеност, не се забележани никакви инциденти, рече Чадиев.

Идната година манифестацијата ќе биде републичка и ќе се одржува исто така за празникот  11 Октомври. Чадиев рече дека уште сега има интерес од спонзорите за учество во наредната „Питијада“ во Велес.

Денес, на последниот ден од тридневната манифестација, настапија ансамблот „Коле Неделковски“ и „Распеани велешани“, како и учениците од основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Благој Кирков“, а програмата ќе продолжи попладнево се до полноќ со уште неколку изведувачи и групи.

Би можело да ве интересира

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес