На велешката „Питијада“ изедени 15 илјади пити

Од:

На годинашнава „Питијада“, која синоќа заврши во Велес биле изедени рекордни 15 илјади пити и испиени 10 тони вино, информира Катица Чадиева од општина Велес.

Традиционалната „Питијада“ и годинава ја организира општина Велес во соработка со угостителите и винариите од градот, а во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Велес – 9 ноември.

На „Питијадата‘‘ годинава учествувале 15 угостители – производители на традиционалната велешка пита пастрмајлија и десет винарии.

Покрај велешани „Питијадата“ викендов ја посетија и голем број граѓани од Скопје, Кавадарци и останатите градови.

Организаторите се задоволни од годинашната манифестација која првпат траеше три дена. Велешката пита пастрмајлија има традиција на подготвување повеќе од 140 години.

Би можело да ве интересира

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит