На Словак од лицето му отстраниле тумор од шест килограми

Од:

Словачки лекари отстраниле бенигнен тумор тежок шест килограми, кој „му висел“ на вратот на Штефан Золеик од словачкото село Штијавник и му претставувал огромен проблем при нормалното функционирање и комуникацијата со луѓето.

Золеик, огромното масно ткиво кое постепено се зголемувало го имал повеќе од десет години, а лекарот кој го оперирал призна дека за време на неговата 30-годишна пракса првпат се среќава со таков случај, јави дописникот на МИА од Прага.

Во медицината, ова заболување е познато како Маделунгов деформитет, кој предизвикува раст на масно ткиво без јасни граници.

– Луѓето се вртат кон мене, покажуваат со прст. Не ми е пријатно, а и не можам слободно да ја вртам главата, изјави Золеик пред операцијата.

По завршувањето на операцијата, која траела пет часа, пациентот бил пресреќен откако прв пат се видел во огледало.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он