На продажба уништеното Ферари 599 ГТБ на Роналдо

Од:

Ферари 599 ГТБ во кој португалскиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо доживеа сообраќајна несреќа пред четири години, можно е да се купи за 50.000 евра.

Еден од најдобрите фудбалери во светот Кристијано Роналдо е љубител на луксузни автомобили. Неговиот возен парк го сочинуваат Ауди Р8, Ламборџини ЛП700-4 Авентадор, Ферари 599ГТО и најверојатно уште некои спортски или луксузни автомобили.

Многу се сеќаваат на неговиот Ферари 599 ГТБ каде доживеа сообраќајна несреќа пред четири години. Тој автомобил сега е можно да се купи за 50.000 евра. Пред несреќата поминал само три илјади километри.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on