ФОТО: На „Пивофест“ весела атмосфера, денеска голем наплив на посетители

Од:

Вториот ден на „Пивофест 2015“ во Прилеп помина одлично, во весела атмосфера со многу гости, беше соопштено денеска прес-конференција во Паркот на револуцијата, каде е сместен кампот за посетителите на  годинашниов „Пивофест.

pivofest2den2015 (2)

– Сѐ помина одлично, весело, со многу гости. Малиот пад од сцената на пејачот на групата „Прљаво казалиште“, за среќа, помина без повреди, изјави  Жаре Димитриоски, еден од водителите на фестивалот.

pivofest2den2015 (1)

Неколку илјадната публика пред главната бина на Пивофест се загреваше со настапите на Заа и Радио актив, а потоа на сцената се појавија момците од ДНК.

pivofest2den2015 (9)

Кулминација на вечерта беше енергичниот настап на култната група Прљаво Казалиште кои ја забавуваа публиката со своите стари познати хитови.

pivofest2den2015 (10)

Забавата беше до раните утрински часови, а сите веќе се подготвуваат за денешниот, трет ден, кога  заедно со утрешниот фестивалски ден се очекува да има огромен прилив на гости од земјава и странство.

pivofest2den2015 (5)

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески нагласи дека фестивалот поминува безбедно, без никакви инциденти.

pivofest2den2015 (6)

– Го посетивме Паркот на револуцијата и кампот каде се посетителите кои кампуваат за да присуствуваат на фестивалот. Гостите во кампот секое утро се послужувани со бесплатни кафе и чорба се со цел да се чувствуваат пријатно и да уживаат во авантурата и во фестивалската атмосфера. Има кампери од Македонија и од повеќе земји кои патуваат, па решија да го посетат „Пивофест“, но и оние со намера токму да уживаат во манифестацијата, рече Ристески.

pivofest2den2015 (8)

Според програмата на „Пивофест 2015“, вечер треба да настапат, меѓу другите, Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ. Се очекува весела атмосфера со многу музика, танц, пиво и скара.
pivofest2den2015 (4) pivofest2den2015 (3)

Би можело да ве интересира

Прилепски „Пивофест“ од 18 до 21 јули

Ана Ололовска

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Ана Ололовска

Прилеп подготвен за вечерното отворање на „Пивофест“

Ана Ололовска

Почнаа подготовките за „Пивофест 2018“

Ана Ололовска

Заврши 15. „Пивофест“ во Прилеп

Ана Ололовска

Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

Наум Локоски