На „Пиво фест“ околу 400 илјади посетители, се испиле 300 тони пиво

Од:

Годинашниот  11 по ред „Пиво фест“ во Прилеп во сите четири фестивалски дена го посетиле околу 400.000 посетители и според пресметките се испиле 300 тони пиво, а се изеле околу 100 тони скара.

Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, градот се потврдил како одличен организатор на вакви големи масовни манифестации.

pivofest (5)

– Докажавме дека Прилеп е кадарен да организира, би рекол, манифестација од Балкански тип со 400.000 посетители и организациски се да протекне во најдобар ред без ниту еден инцидент. Тоа градот го сместува во најфестивалски во Македонија, рече Ристески на денешната прес – конференција.

Пресметките, посочуваат организаторите, покажуваат дека градот и регионот имаат бенефит од околу 4 милиони евра.

97428

– Ако секој посетител од околу 400.000, потрошил барем по 10 евра, бенефитот не само на градот и регионот е околу 4 милиони евра. Дел од тие пари индиректно влегуваат во локалниот буџет од каде општината решава и комунални проблеми, вели Ристески.

Манифестацијата „Пиво фест“ има буџет од 200.000 евра. Од нив една третина се од буџетот на локалната самоуправа, а другите се донаторства од бизнис секторот, пиварниците учесници.

pivofest (6)

– Сакаме да изградиме и кампинг простор со кампинг-приколки кои ќе се изнајмуваат на посетители. Тогаш туристичкиот бенефит ќе биде уште поголем. Догодина локалните власти ветуваат дека манифестацијата ќе ја збогатат и може да се очекува и учество не само на балкански, туку и на светски музички имиња, најавија организаторите на „Пиво фест“.

Би можело да ве интересира

Прилепски „Пивофест“ од 18 до 21 јули

Ана Ололовска

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Ана Ололовска

Прилеп подготвен за вечерното отворање на „Пивофест“

Ана Ололовска

Почнаа подготовките за „Пивофест 2018“

Ана Ололовска

Заврши 15. „Пивофест“ во Прилеп

Ана Ололовска

Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

Наум Локоски