Според официјалниот сајт на Евросонг 2015, на ова натпреварување ќе се претстават музичари од 39 држави, а после подолга или покуса пауза на евровизиската сцена се враќаат Кипар, Чешка и Србија.
Покрај овие три земји и Македонија, која ќе ја претставува Даниел Кајмакоски, на Евровизија ќе се претстават и Албанија, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Данска, Ерменија, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Литванија, Летонија, Малта, Молдавија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Сан Марино, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.
Со оглед на тоа дека бројот на учесници е непарен, организаторите одлучија во првото полуфинале, на 19 мај, да се претстават 16 натпреварувачи, а претставниците на останатите 17 земји да настапат на втората полуфинална вечер на 21 мај. По десет изведувачи од секое полуфинале со најмногу гласови од публиката и жирито ќе се придружат на „големата петорка“ третата ноќ, на 23 мај, на земјите кои го основаа Евросонг (Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија) како и претставникот на земјата-домаќин, односно минатогодишниот победник.
Точниот распоред на настапите ќе биде соопштен на 26 јануари, а Евросонг 2015 се одржува во Австрија, благодарејќи на победата на Кончита Вурс.