Германските здравствени експерти почнаа со поддршка на Владата да спроведуваат јавна кампања, со која бремените жени се повикуваат на вежбање.
Тие на бремените жени им препорачуваат да не ја намалуваат физичката активност кога ќе добијат на тежина.
Според мислењето на експертите тие би требало умерено да вежбаат околу 150 минути неделно, а вежбите треба да бидат со интензитет кој предизвикува лесно потење и забрзување на дишењето.
Лекарите предупредуваат дека е подобро да се вежба неколку дена во неделата, отколку 150 минути наеднаш.