Музеј го отстрани восочниот Путин, посетителите му ја скубеле косата

Од:

Музејот на восочни фигури во Париз ја отстрани фигурата на рускиот претседател Владимир Путин откако била оштетена од страна на посетителите, во знак на протест поради руската инвазија на Украина.

Од музејот сега размислуваат фигурата која била направена во 2000-та, да ја заменат со моделот на украинскиот претседател Зеленски.

„Денес веќе не е можно да се претстави лик како него (Путин)…за прв пат во историјата на музејот повлекуваме статуа поради историските настани кои моментално се одвиваат“ изјави директорот на музејот, Ив Деломо.

Тој додаде дека восочната фигура изгледа неуредно откако била вандализирана во текот на викендот.

„ Со оглед на тоа што се случи, ние и нашиот персонал не сакаме да му ја поправаме косата и изгледот секој ден“, рече тој.

Запрашан кој сега би можел да го замени Путин на празното место, помеѓу статуите на американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Шји Џинпинг, Деломо рече дека тоа можеби е Зеленски од Украина.

„ Можеби претседателот Зеленски ќе го заземе неговото место… тој стана херој затоа што се спротивстави и што не избега од својата земја. Совршено може да го заземе своето место меѓу големите луѓе на историјата и денес“, рече тој.

Во 2014 година, по руската анексија на Крим од Украина, демонстрантка со „Убиј го Путин“ насликана низ нејзините голи гради, ја прободе восочната фигура на Путин и и ја скрши главата.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец