Му го оставила наследството на куче

Од:

Една стара жена од Италија по својата смрт во наследство на нејзиното куче му го остави имотот вреден околу два милиони евра.

Одлуката на 84-годишната Италијанка која во Касерти живеела со својата ќерка и неколку внучиња ја соопшти во саботата нејзината адвокатка Луциа Еспосито.

Според тестаментот нејзиното куче Чико наследи два стана, неколку земјишта и сметка во банка. Таа оваа одлука ја донела кусо по смртта на нејзиниот сопруг и своерачно ја потпишала, објасни Еспосито, додавајќи дека за тестаментот се советувала и со други адвокати.

Според италијанските закони доколку некој својот имот сака да му го остави на домашното милениче мора да го именува спроведувач на тестаментот, кој е должен на животно да му обезбеди живот во благосостојба. Оваа старица за тоа ја овластила адвокатката Еспосито.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он