Македонската радио телевизија подготвува нова песна за Евровизија со сменет авторски тим, музиката ќе биде на Дарко Димитров, а текстот на Лазар Цветковски.
Песната Империја и спотот за неа, изработен од продукцијата „Егзит Б“ беше јавно претставена со шоу – програма на МТВ, на 28. февруари.
Речиси веднаш реакциите на јавноста беа прилично остри за насловот Империја, а особено за спотот, во кој се промовираат објектите од проектот „Скопје 2014“.