Мозокот на бебињата во првите три месеци расте до половина мозок на возрасно лице.
Со помош на новите технологии на магнетната резонанца утврдено е дека мозокот на бебињата расте за еден отсто дневно до третиот месец кога достигнува 33 до 35 проценти од големината на мозокот на возрасно лице. Потоа растот продолжува со забавено темпо од 0,4 отсто дневно.
Во минатото растот на мозокот на бебињата се мереше со обемот на черепот. Американските научници овој пат користеа МРИ (Magnetic Resonance Imaging) скенер кој дава слика со висок квалитет.
Истражувањето покажа дека мозокот на момчињата побрзо расте од мозокот на девојчињата. Предвремено родените бебиња имаат помал мозок, но тој побврзо расте во текот на првите три месеци. По 90 дена, разликата останува на околу два отсто.
Кај двата пола, деловите кои најбрзо растат се однесуваат на моториката. Малиот мозок (церебелум), чија главна улога е движењето, во првите 90 денови се зголемува неколку пати.
Најбавно растат региите кои се поврзани за памтењето, така хипокампусот нарастува за 47 отсто.