Мозаик во форма на солза во чест на Тоше

Од:

Голем мозаик во форма на солза со ликот на балканската поп – ѕвезда Тоше Проески изработи Ристо Тошески – професор по физичко воспитување од Прилеп.

 Големо дело за голем човек, претставува Мозаикот за Тошески кој макотрпно го работел 4 години.  Секое камче го има изработено рачно, воден од голема љубов кон Тоше на мозаикот решил и го изработил ангелот од Курбиново, 26 цвеќиња кои ги симболизираат годините на Проески, две цреши и виолинскиот клуч.

Тука, вели Тошески е и пораката која беше заштитен симбол на Тоше „Ве сакам сите“.

Мозаикот ќе биде поставен во центарот на градот во близина на домот за култура „Марко Цепенков“. Ќе биде сместен во мало езерце, автентично уредено и со специјални ефекти осветлено и дење и ноќе. Ликот на Тоше ќе одблеснува од водата.

Се очекува да биде поставен до 16 октомври – денот кога трагично загина Тоше близу Нова Градишка во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска

Крушево се подготвува да го одбележи роденденот на Тоше

Ана Ололовска