Моника Белучи, која публиката наскоро ќе може да ја види во новиот филм на Џејмс Бонд „Спектр“ смета дека за неа не може да се каже дека е Бонд девојка.
– Премногу сум зрела за да бидам Бонд девојка. Попрво сум Бонд лејди или Бонд жена, изјави актерката во интервју за „Гардијан“, додавајќи дека е многу горда на тоа.
На прашањето зошто нејзината улога во серијалот за најпознатиот филмски шпион предизвика така големо внимание, Белучи, изјави дека тоа е поради фактот што живееме во свет на мажи.
– Мажите имаат моќ во се: во новинарство, во актерство, во режирање, во банкарство, во финансии, во образование. Сите закони се донесени од мажи. Мажите сметаат дека жените се стари кога повеќе не можат да раѓаат. А тоа не е точно, бидејќи тие и понатаму се фантастични. Затоа сметам дека со мојот избор, на зрела жена, режисерот Сем Мендес направи вистинска револуција, истакна познатат актерка.
Според Белучи, иако според многумина таа е убава, сепак има 50 години, а не 20 и постојат моменти во животот кога човек мора да се соочи со времето што минува.