Модерниот начин на живот на сите им наметна обврска да бидат суперхерои, предупредуваат психолозите.
Затоа речиси 15 отсто од родителите се на работ на целосна исцрпеност од обврските, кои имаат поради децата, тврдат истражувачите.
Контролата на училишните обврски, домашните задачи, водењето на децата на разни тренинзи и дополнителни активности се плус задачи за на и онака преполниот дневен распоред на многу мајки и татковци.
Последиците се хроничен замор, пад на продуктивноста на работа и емоционалната раздразливост. Меѓу главните примери е и потребата да се биде 200 отсто успешен во светот, па советот е да прифатите во нешто да бидете – само просечни.