„Мобилај“, стартапот што вети дека на пазарот ќе претстави автомобил што сам управува пред „Гугл“, објави дека собрал од инвестоторите 400 милиони долари, наведува „Бизнис Инсајдер“.
Според инвестоторите „Мобилај“ е еден од највредните израелски стартап проекти со пазарна вредност од една ипол милијарда долари. Списокот на инвеститори што го поддржуваат, содржи еден од најголемите и најпознатите фондови како „БлекРок“ „Фиделиту Менаџмент“, „Велингтон Менаџмент“, „Сејлинг Капитал“ и „Ентерпрајс Рент-а-Кар“.
„Гугл“ разви технологија за авто-пилот при возење на пат, што вклучува набавка на хардвер, софтвер и услуги вредни неколку илјади долари. Од друга страна, „Мобилај“ ги нуди истите можности за возење со помош само на две парчиња хардвер, камери и компјутерски чип, а цената изнесува само неколкустотици долари по возило.
„Мобилај“ веќе го користи германскиот производител на автомобили БМВ во моделите Серија 5 и Серија 7, потоа Волво во моделите С80, ХЦ70 и В70, како и Кадилак во ДТС и СТС. Овие модели не користат целосно автоматско управување, тукусамо некои предности што ги нуди технологијата, која се уште се наоѓа во фаза на тестирање.
Зив Авирам, ко-основачот и извршниот директор на „Мобилај“, смета дека неговата технологија веќе може да се користи за избегнување судар при движење во колона возила, при помош во возење во колона возила на семафор, потоа за помош на возачи кои чувствуваат замор или пак за помош на возачот да прими електронска пошта без потреба од запирање на возилото.
Експертите го поздравуваат проектот, оценувајќи дека ќе претставува сериозна конкуренција на „Гугл“.