Современата жена денес има многу животни улоги, па растргнати меѓу домот и работата, се чини дека многу жени денес без размислување би дале отказ на работното место, кога партнерот би можел да им обезбеди пристоен живот.
Прашањето дали на современите жени им стана поприфатливо да бидат домаќинки се чини како веќе однапред да има подготвен одговор. Се е почесто се случува вработените жени да не можат да го издржат товарот од обврските и имаат чувство дека еманципацијата не им донесе ништо добро.
Психотерапевтот Владан Ѓуриќ за магазинот „Супер жена“ вели дека за жал еманципацијата во денешната форма на жените не им го донела она за што се бореле.
– Има малку добри работи, а тие се натоварени со тиранија на морање. Тие мора да бидат совршени работници, мајки, жени, љубовници, што понекогаш е преголем стрес, смета Ѓуриќ.
Излегува дека денес многу вработени жени им завидуваат на домаќинките, а повеќе од половина Американки постари од 18 години би сакале да останат дома, отколку да одат на работа.
– Можеби, кога би постоела еманципација на еманципацијата, да ја задржат потребата за култура, потребата да бидат средени, образовани, да ги имаат сите човекови права, не би биле против да бидат само домаќинки, но формата на старинските домаќинки не би била добра, заклучува Ѓуриќ.
– Ако да се биде домаќинка е само форма и нечија туѓа одлука, мислам дека е лошо. Меѓутоа, ако некој тоа навистина го сака, мислам дека е во ред, додава тој.
Од друга страна, преголемите очекувања од жените можат да влијаат на нивното здравје, па жените знаат да посегнат по лекови со кои се обидуваат да го намалат стресот.