Американската Академијата на педијатри тврди дека спиењето на грб е најдобриот начин да се спречи развојот на синдромот на ненадејна смрт кај новороденчињата. Бебето не би требало често да се остава да спие во седечка положба.
Новородените бебиња би требало да спијат на грб, а не на страна или на стомак, како што вообичанео лекарите ги советуваат родители. Ова е совет од Академијата на педијатри, тврдејќи дека тоа е најдобар начин да се спречи развојот на синдром на ненадејна смрт кај новороденче.
На националната конференција на американските педијатри во Бостон е заклучено дека бебињата би требало да спијат на грб, на тврда подлога и во иста соба со родителите, додека спиењето настрана се смета за небезбедено.
Препорака од експертите е дека тие не би требало често да спијат во седечка положба, во колички или во седиште на автомобилите. Тоа може да трае многу кратко и да не се повторува често, затоа што како што велат, секоја друга подлога не е безбедна, седиштето и количката служат само за транспорт на деца, а не за спиење.