Во современиот живот консумираме помалку млеко од кога и да е порано.
Една чаша полномасно млеко го обезбедува телото со сите потребни минерали, витамини, јод и масни киселини, а содржи само околу 130 калории. Во изминатата деценија, консумираната количина на млеко драматично опаѓа и изнесува околу 80 литри по човек, најмногу поради загриженоста околу телесната тежина. Нутриционистите истакнуваат дека постојат многу митови за здравствените ефекти на млекото.
Млекото не претставува само пијалак за деца. Една чаша млеко на ден на организмот му обезбедува половина од потребната доза на јод, што е од голема важност за одржување на здрава штитна жлезда (тироида).
Една чаша полномасно млеко содржи многу помалку калории од чоколадата или друг производ кој секојдневно се наоѓа на вашето мени. Затоа, врежаното мислење дека млекото дебелее не е основано, всушност, поздраво е да консумирате млеко отколку чоколада и кекси.