Лицата на 20 годишна возраст се подобри во нумеричките вештини, додека работната меморија е најдобра во 30-тите години, сметаат експертите од технолошкиот институт во Масачусетс.
Психолозите извршиле тестирање на 48.547 испитаници на возраст од десет до 89 години. На нив им се понудени јазични тестови, тестови за интелегенција и помнење, препознавање на емоции, работна моморија, нумерички вештини и вокабулар.
Утврдено е дека т.н. флуидна интелигенција го достигнува врвот околу 18-тата година, а стагнира по 40-тата година.
Станува збор за способност за брзо размислување, односно брзината со која мозокот ги обработува информациите.
Дваесет годишниците биле многу добри во препознавање на емоциите. Таа способност „расте“ до 48-тата година од животот, по што почнува полека да се намалува.
Вокабуларот очекувано се подобрува со годините, а својот врв го достигнува меѓу 60-тата и 70-тата година од животот.