Мислела дека е чекан: Со рачна граната 20 години кршела ореви и ковала клинци

Од:

Постара жена во Кина користела рачна граната 20 години за да крши ореви и да кова клинци зашто мислела дека е чекан.

„Користев граната за мелење црвен пипер, кршење ореви и за клинци“, признал баба Чин.

Таа скоро го прослави својот 90-ти роденден и покрај тоа што користела рачна граната за да удира ореви и да забива клинци во ѕид во последните 20 години, објави во четвртокот South China Morning Post.

@eugenewee7

♬ original sound – emo

Чин ја пронашла гранатата додека работела на својата фарма во округот Хуангбао, па ја помешала со чекан бидејќи обликот на експлозивната направа ја потсетувал на таа секојдневна алатка.

За среќа, иако со текот на времето ја оштетила главата на гранатата, не се случила трагедија, а со што удирала сите тие години, сфатила дури минатата недела кога работниците на нејзината руинирана куќа препознале што всушност држи во рацете.

Откако работниците ги алармирале надлежните органи, полициската станица Хуангбао веднаш го испратила на терен персоналот на единицата за деактивирање и уништување експлозивна направа.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он